Функции
Дали може да го направи тоа? Пребарајте.
Сите функции што ги има системот денес, групирани по област. Секоја има кратко објаснување и ознака дали е вклучена, се вклучува по барање или бара уред.
52 функции
Сала и келнери
Мапа на салата во живо
ВклученоСлободни, зафатени и маси со готова ставка, на касата и на телефон.
Види на екран →Нарачување со допир
ВклученоКатегории, варијанти, додатоци и забелешки; сметката се гледа во долната лента.
Види на екран →Телефон-терминали за келнери
ВклученоИстиот систем како на каса, во џеб — нарачка на маса и „Испрати“ во кујна.
Види на екран →Повеќе отворени нарачки
ВклученоФилтер „Моите нарачки“, статус по маса и доделување маси на келнер.
Види на екран →Премести, спои, предади
ВклученоНарачка на друга маса, спојување на две или предавање на колега.
Види на екран →Сплит по ставки
ВклученоСекој гостин плаќа свое; ставките се префрлаат на нова сметка.
Види на екран →Додатоци и брзи забелешки
ВклученоЗадолжителен избор, платени и бесплатни додатоци и шаблони за забелешки.
Види на екран →
Кујна и шанк
Кујнски екран по станица
ВклученоКујна, шанк… — секој го гледа само својот дел, со тајмер по тикет.
Види на екран →„Готово“ со известување
ВклученоКога ставката е готова, келнерот добива известување.
Види на екран →Печатење во кујна со повторен обид
ВклученоАко печатачот не работи, системот пробува пак и ве известува.
Види на екран →
Каса и плаќање
Плаќање со калкулатор и бакшиш
ВклученоГотовина со кусур, картичка, бакшиш и поделена сметка.
Види на екран →Фискални сметки
ВклученоПреку вашиот фискален уред, за секоја наплата.
Види на екран →Фискален ден: X и Z
ВклученоОтворање на денот, X-извештај и Z-затворање, плус влез и излез на готовина.
Види на екран →Смена и раздолжување
ВклученоПријава на смена и преглед на износот за смената.
Види на екран →Фактури и испратници
ВклученоСо своја нумерација, од касата.
Види на екран →
Гости
QR нарачување од маса
По барањеГостинот нарачува од телефон; персоналот ја прифаќа или одбива нарачката.
Користи интернет.
Види на екран →Нарачка за подигање
По барањеГостинот добива број и статус во живо; плаќа на каса.
Без известување на телефон — само отворената страница се освежува.
Види на екран →Резервации на маси
ВклученоПерсоналот ги закажува и сместува гостите; сопственикот ги гледа во контролната табла.
Гостите не резервираат онлајн.
Види на екран →Повик на келнер и барање сметка
По барањеОд QR менито гостинот повикува келнер или бара сметка.
Дел од QR нарачувањето.
Види на екран →Достава со доделување возач
ВклученоНарачка за достава се доделува на возач.
Нема мапа во живо.
Види на екран →Caller ID за нарачки по телефон
Потребен уредПо повик гледате клиентот и последната нарачка и ја повторувате со еден допир.
Бара телефонска линија и Android телефон.
Види на екран →
Сопственик и извештаи
Преглед во живо за сопственикот
ВклученоПриход, нарачки и просечна сметка денес — во однос на вчера.
Види на екран →Маркици
ВклученоШто се готви во моментот, по маса и келнер.
Види на екран →Извештаи по работен ден
ВклученоРаботниот ден се мери од отворање до затворање, со разбивка на ДДВ.
Види на екран →Аналитика на производи
ВклученоШто се продава, со нето, профит и маржа по производ.
Види на екран →Менување на мени од телефон
ВклученоЦени и менија се менуваат од далечина и стигнуваат до терминалите.
Користи интернет.
Види на екран →Историја на промени на цени
ВклученоКој, кога и што променил.
Види на екран →Известувања по е-пошта
ВклученоКога артикл стигнува до прагот и кога нешто ќе снема.
Ги вклучувате и ги поставувате примателите во контролната табла.
Види на екран →
Залиха и набавка
Скенирање баркод
ВклученоСо скенер или камера на телефон — веднаш гледате колку има.
Види на екран →Нарачка со еден допир
ВклученоСтанува нацрт-нарачка за добавувачот.
Нацрт — не нарачува директно кај добавувачот.
Види на екран →Автоматска нарачка
ВклученоКога залихата паѓа под точката што ја поставувате.
Види на екран →Попис со скенирање
ВклученоСекое скенирање додава пакување; разликата се гледа пред зачувување.
Види на екран →Рецепти и цена на храна
ВклученоСостојките се одземаат од залиха при продажба.
Види на екран →Добавувачи
ВклученоНарачки до добавувач; добавувачот потврдува преку врска, без најава.
Види на екран →Скен на фактура
ВклученоФотографија на фактурата ги пополнува количините и цените.
Вработениот го потврдува резултатот.
Види на екран →Прием на стока
ВклученоЕвидентирање на пратки и нивната цена.
Види на екран →
Луѓе
Оброци за вработени
ВклученоПравила по улога и категорија; на крајот на смената — готовина или запис на вработениот.
Одбивката од плата ја евидентира сопственикот.
Види на екран →Присуство и картичка
ВклученоВлез и излез на смена; најава со ознака (NFC) или ПИН.
Види на екран →Права по вработен и улога
ВклученоСекој гледа само она што му е дозволено.
Види на екран →Дневник на активности
ВклученоСторна, попусти, преместувања — кој, кога и кој одобрил.
Види на екран →Аномалии за преглед
ВклученоСигнали со докази и одлука на сопственикот.
Сигнал за преглед — не пресуда.
Види на екран →
Мени и цени
Производи, категории и додатоци
ВклученоПроизводи, категории, групи на додатоци и увоз на мени.
Види на екран →Промоции и Happy hour
ВклученоПопусти што се применуваат сами во зададено време.
Види на екран →Мени по време
ВклученоВистинските артикли во вистинскиот час.
Види на екран →Две ДДВ ставки по производ
ВклученоРазлична ставка за „јадам овде“ и „за носење“.
Види на екран →
Уреди и фискално
Фискален уред
Потребен уредПоддржан: Accent Synergy P700.
За други уреди проверуваме пред понудата.
Види на екран →Штоперка за билијард
Потребен уредAndroid апликација што го пали светлото на масата и ја наплатува во POS.
Бара уред и проверка на вашата опрема.
Види на екран →
Платформа
Локален сервер
ВклученоКасата, кујната и печатењето работат преку сервер во локалот.
Види на екран →Облак и далечински преглед
ВклученоПодатоците се синхронизираат; извештаите се достапни од каде било.
Користи интернет.
Види на екран →Македонски и англиски
ВклученоЦелиот систем, со денари.
Види на екран →Повеќе локали
ВклученоЕден или повеќе локали од иста најава.
Види на екран →Резервни копии
ВклученоКопии на податоците.
Види на екран →
Не гледате нешто? Кажете ни.